Наполи „по кратка постапка“ го продава Де Бруине

Кевин де Бруине пристигна како големо засилување за Наполи минатото лето од Манчестер Сити, но Белгиецот би можел да си замине по само шест месеци во Неапол откако клубовите од Саудиска Арабија подготвија богати понуди за да го убедат да го напушти европскиот фудбал.

Де Бруине имашше четири гола и две асистенции до тешката повреда на мускулот што го оддалечи подолг период, па неговиот камбек на терените се очекува најрано во февруари 2026 година. Неизвесно е дали тоа ќе биде во Наполи откако и раководството на италијанскиот првак изразило подготвеност да го продаде плејмејкерот доколку пристигне интересна понуда за него.

Конте не заборава дека Де Бруине јавно го критикуваше на стартот од сезонава, тренерот што инсистира на тактичка дисциплина се сомнева дека Белгиецот ќе може целосно да одговори на неговите барања по повредата, а фактот дека Наполи игра добро и победува по неговата повреда само потврдува дека „сино-белите“ добро се снаоѓаат и без Де Бруине во тимот.

Италијанските медиуми најавуваат дека Наполи ќе бара 30 милиони евра за Белгиецот, сума што клубовите од Саудиска Арабија се подготвени да ја платат, па останува да се види дали тие ќе го убедат Де Бруине да го напушти европскиот фудбал, и тоа неколку месец пред почетокот на ЕП 2026.

Се вчитува...