Наполи почна да ги троши парите од Елмас, си купи десен бек

Десниот бек Пасквале Мазоки се пресели во Наполи од редовите на нивниот регионален ривал Салернитана. Станува збор за 28-годишен играч роден во Неапол, но никогаш не го носел дресот на актуелниот првак. Првите чекори ги направил во Беневенто, а потоа преку Верона, Римини, Парма, Перуџа и Венеција, стигна во Салернитана.

Во оваа сезона за тимот од Салерно запиша 18 настапи и беше стандарден во оваа екипа. Се очекува во Наполи да биде замена за Џовни Ди Лоренцо.

За Мазоки, Наполи плати три милиони евра. Актуелниот првак пред неколку дена се раздели со Елиф Елмас кого го продаде на Лајпциг за 25 милиони евра, и сега почна да ги инвестира парите во нови имиња.

Се вчитува...