Италијанскиот шампион Наполи подготви понуда од 45 милиони фунти за Алехандро Гарначо од Манчестер Јунајтед, пишуваат медиумите двете земји. Освојчувачот на Серија „А“ беше многу заинтересиран за играчот уште во јануари, но цената на крилниот напаѓач беше превисока за Италијанците и го одбија, и покрај тоа што испратија понуда од 60 милиони фунти.
Минатата година, „Наполитанците“ го потпишаа Скот Мектоминај од Манчестер Јунајтед, а Шкотланѓанецот одигра голема улога во освојувањето на Скудетото.
Сега Наполи повторно покажува сериозен интерес за Аргентинецот, бидејќи во него гледаат одлична можност да го земат играчот кој е во многу лоши односи со раководството на „Црвените ѓаволи“ и доби дозвола да замине. Крилниот напаѓач влезе во конфликт со менаџерот на тимот, Рубен Аморим, по завршувањето на финалето на Лигата на Европа. Му беше дадена дополнителна недела одмор за да ги преиспита сопствените опции за иднината.
Се верува дека од „Олд Трафорд“ ќе побараат минимум 50 милиони фунти за да се разделат со играчот. Се верува дека неколку други гиганти на Стариот континент ја следат ситуацијата околу Гарначо и се подготвени да испратат понуди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

