Резултатската криза на Наполи уште повеќе се продлабочи откако актуелниот италијански првак беше поразен со убедливи 3-0 на гостувањето против Торино. Валтер Мацари дефинитивно нема капацитет да го разбуди заспаниот шампион, па „наполитанците“ одиграа уште еден потпросечен натпревар во кој беа казнети за слабото издание.
Распадори промаши стопроцентна шанса при 0-0, по што следеше казната пред самиот крај на првото полувреме, кога Сарабија ги доведе домаќините во водство. Мечот се претвори во вистински кошмар за Наполи откако резервистот Мацоки доби црвен картон само четири минути по влегувањето во игра, а „торинезите“ знаеја како да ја искористат предноста од играч повеќе и преку Влашиќ и Бонџорно стигна до убедлива победа.
Наполи по овој пораз падна на деветтото место на табелата, со дури 20 бода заостанување зад лидерот Интер.
Лацио стигна до значајни три бода на гостувањето против Удинезе, славејќи со 1-2 и продoлжувајќи ја кризата на „фриулијаните“. Римјаните поведоа со мајсторски изведениот слободен удар на дефанзивецот Пелегрини, но Удинезе на почетокот од вториот дел израмни преку Валас. Избраниците на Сари продолжија да притискаат, успевајќи на крајот да постигнат и победнички гол преку Песина на асистенција на Андерсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА