Наполи нема преголем ростер, па затоа изненадувачки делува информацијата дека италијанскиот првак во ист ден реши да се ослободи од двајца фудбалери, и двајцата напаѓачи кои ја имаа улогата на резерви кај Антонио Конте.
Првиот е Ноа Ланг, чија следна дестинација ќе биде Галатасарај. Овој фудбалер не ги оправда очекувањата по трансферот од ПСВ Ајндховен, а пред два месеци и гласно го критикуваше Антонио Конте бидјеќи бидејќи не му дава премногу шанси за докажување. Конте тогаш премолчи, но штом дојде шанса Ланг да си замине тренерот веднаш даде зелено светло. Галатасарај ќе плати два милиони евра само за позајмицата, со дополнителни 28 милиони евра налето доколку турскиот гигант реши целосно да го откупи договорот на овој фудбалер.
Покрај Ланг, од Неапол си заминува и Лоренцо Лука, голгетерот кој успеа да постигне само еден гол по трансферот од Удинезе. Во ситуација кога пред камбек е и Ромелу Лукаку, беше дадено зелено светло, а следна дестинација на овој голгетер ќе биде Нотингем Форест. „Шумарите“ платија два милиони евра за позајмицата, додека клаузулата за задолжителен откуп изнесува 35 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

