Наполи пред потпис со контроверзниот Холанѓанец

По освоената титула во Серија А, Наполи цели кон искачување и на еден европски трон, а за тоа веќе започна со серија засилувања. По ангажманот н Кевин де Брујне кој пристигнува како слободен играч тимот од југот на Итлаија е пред осигурување на потписот на Ноа Ланг.

Станува збор за 26-годишен Холанѓанец кој е добро познат по котроверзните изјави и скандалозното однесување поради кои не реализираше трансфер во најсилните европски првенства и порано во кариерата и покрај тоа што беше мета на и Милан.

Реализацијата на трансферот од ПСВ вреден 28 милиони евра е пред реализација. Фудбалерот наскоро ќе ги помине медицинските прегледи по што се очекува и официјално да потпише договор кој ќе му донесе примања од 2.8 милиони евра по сезона.

Се вчитува...