Раководството на италијанскиот калчолигаш Наполи не успева да ја исполни желбата на Карло Анчелоти за ангажман на колумбискиот интернационалец Хамес Родригез од Реал Мадрид, но ќе се обиде тоа да го надополни со купувањето на македонскиот мегаталент Елиф Елмас од Фенербахче и Бразилецот Малком од Барселона.
Елмас веќе подолг период е цел на „наполитанците“ и преговорите влегоа во завршна фаза, а се очекува сите детали да бидат финализирани до стартот на следната седмица. Оттаму веќе е отворен нов „фронт“ за ангажман на Бразилецот Малком. Тој не доби доволна минутажа минатата сезона на „Камп Ноу“ и сака да замине, а Наполи му нуди можност за враќање во натпреварувачки ритам. „Наполитанците“ се подготвени да платат 30 милиони евра за крилниот играч да пристигне на Апенините.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА