Корпулентниот напаѓач Ромелу Лукаку заработи повреда на натпреварот против Олимпијакос која ќе го оддалечи од теренот подолго време. Според италијанските медиуми отсуството може да биде и повеќемесечно што го активираше алармот во шампионот на Италија кој ќе бара негова замена.
Антонио Конте има повеќе трансфер желби, а ќе биде оставарена само една со оглед на тоа што се очекува Белгиецот да остане прв избор по враќањето на теренот.
Зиркзе од Манчестер Јунајтед, Матета од Кристал Палас, Довбик од Рома и Крстовиќ од редовите на Лече се имињата кои се споменуваат како нова аквизиција на југот на Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

