Наполи сака да го „врзе“ Сари со нов договор

Италијанскиот калчолигаш Наполи се бори за шампионската титула во Серија А, но размислува и да го „врзе“ својот стратег Маурицио Сари, кој е еден од творците на успехот, за подолг период. Неверојатно, но вистинито, Сари во моментот е еден од најслабоплатените тренери во Италија и годишно заработува „само“ 1,4 милиони евра. Во споредба со тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, кој има годишно 7 милиони евра, тоа е премалку.

Наполи сака да го „врзе“ Маурицио Сари за подолг период и да му понуди многу подобри услови, но исто така и да ја зголеми отштетната клаузула во неговиот договор. Во моментот тој може да го раскине договорот со клубот кој има важност до 2020 година, за „само“ 8 милиони евра, што секако не е преголема сума за европските гиганти кои го посакуваат на својата клупа.

 

 

Се вчитува...