Аркадиуш Милик дојде во Наполи од редовите на Ајакс најавуван како огромно засилување, но повредите го спречија полскиот голгетер да ги оправда вложените пари. Најновата повреда на коленото ќе го оддалечи Полјакот од терените до февруари, а челниците на Наполи веќе го загубија трпението со него, па планираат веќе во јануарскиот преоден рок да го испратат на позајмица. Ова го потврди и претседателот Фабио де Лаурентис, кој откри дека Киево е сериозно заинтересиран да го доведе Милик во своите редови.
„Милик во Киево, тоа решение би било од корист за сите. Го убедуваме да ја прифати таа опција, таму ќе може да се врати во форма, да игра константно“ – изјави Де Лаурентис за италијанските медиуми.
„Наполитанците“ ќе сторат се за да се ослободат од Милик, па потоа да доведат нов голгетер во своите редови. А Киево не е случајна опција на Де Лаурентис, со оглед на желбата на првиот човек на Наполи да го доведе најдобриот фудбалер на Киево, Роберто Инглезе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА