Наполи успеа да се рехабилитира од незгодниот пораз од Милан минатиот викенд, па тимот на Елиф Елмас попладнево се врати на победнички патеки во Калчо-лигата по триумфот од 1-2 на незгодното гостување против Верона.
Тимот на Верона важи за едно од најпријатните изненадувања сезонава, но избраниците на тренерот Тудор немаа сили да го запрат Осимен, кој ги постигна двата гола за својот тим во овој значаен триумф. Нигериецот одлично се снајде и со прецизен удар со глава го матираше домашниот голман во првото полувреме, а во вториот дел зголеми на 0-2 со прецизен удар со нога по несебичното додавање на Ди Лоренцо.
Елмас влезе во игра на средина од второто полувреме, при резултат 0-1 и даде свој придонес во задржување на предноста во завршницата од мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА