Играчот на Борнмут, Филип Билинг во следните часови треба да го комплетира трансферот во Наполи. Данскиот играч од средниот ред, кој е висок 198 сантиметри, ќе игра како позајмен во Италија до крајот на сезоната, а потоа тимот на Антонио Конте ќе може да го откупи за 9-10 милиони евра.
Билинг веќе шеста година е дел од Борнмут, а претходно играше за Хадерсфилд. 28-годишниот фудбалер има и пет настапи за данската репрезентација.
Конте има потреба од играч од средниот ред за да остане во трка за титулата во Италија. Засега добро му оди, и Наполи е на чело на табелата со три бода повеќе од Аталанта, но и со натпревар повеќе, или со четири бодови повеќе од Интер, но и два меча повеќе од „нероазурите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА