Наполи ќе ја мине ноќта на чело на табелата во Серија А откако тимот на Антонио Конте стигна до цел плен на гостувањето против Емполи (1-2), прескокнувајќи ја Аталанта пред домашниот дуел што избраниците на Гасперини утре ќе го играат со Емполи.
Клучни беа десетината минути кон средината на првото полувреме во кое Наполи стигна до недостижна предност, Ангиса стрелаше прецизно за 0-1 во 15. минута, пред дефанзивецот Рахмани да зголеми на 0-2.
Џенова во вториот дел намали на 1-2 преку Пинамонти, а „наполитанците“ имаа многу среќа во финишот, Балотели го погоди дирекот, а голманот Мерет имаше неколку одлични интервенции со кои ја сочува победата на својот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА