Екипата на Наполи го искористи „киксот“ на Аталанта, и се израмни по бројот на бодови на првата позиција со тимот од Бергамо. „Наполитанците“ на домашен терен со минимални 1-0 ја победија екипата на Венеција.
Лукаку имаше голема шанса уште во 37. минута да го отвори резултатот, но го промаши пеналот, односно Филип Станковиќ му го одбрани ударот.
Меѓутоа српскиот голман не успеа да го одбрани ударот на Распадори во 79. минута од средбата, со кој Наполи стигна до победа во 18. коло во Серија А, во последниот меч оваа година.
🚨🇮🇹 GOAL | Napoli 1-0 Venezia | Raspadori
RASPADORI HAS GIVEN NAPOLI THE LEAD IN THE 79TH MINUTE!pic.twitter.com/d6v4SpYTNW
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) December 29, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА