Наполи пропушти да изврши дополнителен притисок врз Интер во трката за скудетото откако тимот на нашиот Елиф Елмас попладнево одигра само 1-1 на гостувањето против Парма.
Уште еден меч во кој „наполитанците“ важеа за фаворити за трите бода, но потфрлија, пред се поради шокантниот старт во кој Стрефеца по само триесетина секунди игра ја доведе Парма во водство.
Наполи се мачеше да влезе во посакуваниот ритам, но во вториот дел успеа да стигне до израмнувачки погодок, дело на Скот Мектоминеј.
Елиф Елмас го почна овој натпревар од клупата за резерви и влезе во игра во 78. минута на местото на Де Бруине.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

