Наполи триумфално од Верона (ВИДЕО)

Наполи без поголеми проблеми оствари победа во Верона, во рамките од 9. коло во италијанската Серија „А“. На крајот шампионот славеше победа со 1-3.

Политано во 27. минута донесе предност за гостите, а ја зголеми Кварацхелија во 43. минута од средбата. 

Грузиецот вторпат се запиша меѓу стрелците во 55. минута носејќи 0-3. Интересно е тоа што Политано два пати му асистираше.

Лазовиќ во 60. минута од средбата само успеа да намали.

Елиф Елмас не беше во комбинација за овој натпревар поради повреда заработена на вчерашниот тренинг.

Се вчитува...