Наполи во финална офанзива по Елиф Елмас

Раководството на Наполи е подготвено за „финална офанзива“ во преговорите по Елиф Елмас, во обид да го осигура потписот на македонскиот репрезентативец. Интер со ангажманот на Барела од Калјари покажува дека се откажува од трката по Елмас, но „наполитанците“ остануваат максимално сериозни за да го купат „бисерот“ на Фенербахче.

Весникот „Кориере дело спорт“ тврди дека Елмас е еден од приоритетите за овој преоден рок на спортскиот директор на Наполи, Кристијано Џунтоли. Македонскиот интернационалец може да игра на неколку различни позиции во тимот, а токму неговата универзалност го прави идеално засилување за Наполи, за отштета од околу 15 милиони евра што е „низок трансфер“ за италијански претставник во елитното европско натпреварување.

„Наполитанците“ за денеска имаат закажано нова рунда разговори со челниците на Фенербахче, во обид да го финализира овој трансфер, за Елмас што поскоро да му се стави на располагање на тренерот Анчелоти. Во трка за македонскиот фудбалски бисер покрај овој калчолигаш остануваат уште и челниците на Тотенхем и Атлетико Мадрид.

Се вчитува...