После очајното прво полувреме, Наполи заигра како шампион во вториот дел, и ја совлада екипата на Монца на гостински терен со 2-4, и остана во игра за место меѓу оние кои ќе играат во Европа идната сезона.
Ѓуриќ во 9. минута од средбата, му донесе предност на домашниот тим од 1-0.
После бледото прво полувреме, Наполи експлодираше во вториот дел. За само шест минути успеа да постигне три гола, и да дојде до предност од 1-3. Стрелци на головите беа Осимен, Политано и Зиелински.
Колпани ги врати надежите на Монца, но Распадори ги згасна сите надежи на домашните за добар резултат од овој меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА