Наполи го загуби првиот полуфинален куп – натпревар од Јувентус со 3-1, а „старата дама“ го сврти резултатот во своја корист во второто полувреме, кога беа му беа досудени два пенали. „Наполитанците“ сметаат дека судијата одиграл значајна улога на овој дуел, ги оштетил многу и размислуваат дури и за настап со младински тим на реваншот што ќе се одигра на „Сан Паоло“.
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, не беше присутен на натпреварот, поради службена посета на САД, но веќе најавил дека Наполи во знак на протест реваншот ќе го одигра со младонски состав.
Ваков преседан се случи во шеесеттите години на минатиот век кога Интер играше со младински тим против Јувентус и загуби со 9-1. На првиот натпревар од тој дамнешен дуел упаднале навивачи на теренот, а Интер барал да го добие со службен резултат, што не се случило.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА