Наполи за 30 милиони евра го договори „бисерот“ од Ла Лига, Габри Веига

Наполи досега ги ангажираше Натан и Кажуст како засилувања за новата сезона во Серија А и во Лигата на шампионите.

Сепак, денеска, како што пренесуваат италијанските медиуми, реализиран е и трансферот број еден во летниот преоден рок, ангажманот на „бисерот“ од Ла Лига, Габри Веига, кој претходно беше мета и на Барселона и Реал Мадрид.

Офанзивниот играч за врска од Селта Виго се одлучил за Наполи само поради упорноста на првиот човек на италијанскиот шампион, Де Лаурентис, кој откако се договорил со Селта сега преостанува да ги прецизира само личните услови со Веига.

Веига во Неапол треба да пристигне за 30 милиони евра. Наполи претходно го задржи и Зиелински, а сега добива сериозно засилување на конкуренцијата во средниот ред каде е и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Се вчитува...