Наполи за едно полувреме ја „реши“ Монца (ВИДЕО)

Наполи успеа да дојде до четвртата победа во 6. коло во Серија „А“, откако на домашен терен ја победи Монца со 2-0.

Избраниците на Антонио Конте за само 11 минути успеаја да ја обезбедат победата, и тоа во првиот дел.

Најпрво погоди Политано во 22. минута, а потоа Кварацхелија во 33. минута зголеми на 2-0, што беше и конечен резултат на овој меч.

Монца го запиша и третито пораз, и со три бода останува на претпоследното место на табелата.

Се вчитува...