Наполитанците гневни на судиите: Ова е тешка неправда која му е направена на нашиот тим

Милан по долго време успеа да обезбеди место во полуфиналето во Лигата на шампионите, откако вечерва со „реми“ во Неапол успеа да се пласира меѓу најдобрите четири тима во Европа.

Тренерот на „наполитанците“ Лучијано Спалети е гневен на главниот судија, Полјакот Марчинијак по мечот велејќи дека биле оштетени на вчерашниот дуел.

„Прво и основно, сакам да му честитам на Милан за пласманот во полуфиналето. Тие одиграа два меча во кои ги искористија своите шанси, а тоа се знаци на зрел тим кој знае кога треба да додаде гас, а кога да се брани со повеќе играчи во одбраната. Сакам да им честитам и на моите играчи, одиграа на многу високо ниво во Лигата на шампионите цела сезона. Ја плативме цената за некои наивни грешки, го плаитвме неискуството, но ги плативме и неправдите.  По првиот меч на „Сан Сиро“, сите се согласија дека судијата направи многу грешки, освен оние кои го носат дресот на Милан. Имаше чист пенал и на втората средба, тоа беше чист пенал како ден.  Повторените снимки покажуваат дека Лозано доби удар во стапалото, Леао не ја удри топката. Не може да има почист пенал од ова, не може да не го видите ова. Не станува збор за контакт, станува збор за прекршок, инаку стапалото немаше да му се изврти. Не знам како не го видоа тоа….. После луѓето ќе велат дека се жалиме, но тоа беше чист пенал“, изјави Спалети.

Се вчитува...