„Наполитанците“ ќе бришат задник со Игуаин: Ликот на Аргентинецот на тоалетна хартија

„Предавникот“ Гонзало Игуаин овој викенд се враќа во Неапол, а фановите на Наполи не му го простуваат заминувањето во редовите на Јувентус. Тој постигна 36 гола на 35 натпревари за Наполи минатата сезона, но во летниот преодек рок се пресели во Торино и го облече дресот на „старата дама“. Сега првпат треба да се врати на „Сан Паоло“, а навивачите на Наполи му приредуваат пеколен пречек.

Кампањата е веќе почната, па така во Неапол можете да си купите тоалетна хартија со ликот на Гонзало Игауин. Што се вели, да избришете задник со Аргентинецот…

Се вчитува...