Познатиот шпански скулптор Хосе Антонио Наваро Ортега, направи статуа на ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, која треба да биде поставена во музејот на шпанскиот гигант.
Статуата веќе е споредувана со онаа која стои на аеродромот „Кристијано Роналдо“ во Мадеира, направена од португалскиот скулптор Емануел Сантос. Двете бисти се неспоредливи, новата далеку повеќе наликува на фудбалерот.
Скулптурата е направена од бронза, висока 90 центриметри и тежи 60 килограми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА