Направи хаос, ги провоцираше противниците па на крај испиша историја – Карлсен по 20-ти пат светски шампион (ВИДЕО)

Најдобриот шахист во светот, Магнус Карлсен, ја освои шампионската титула по 20-ти пат во својата кариера.

Свен Магнус Јен Карлсен е најдобриот шахист во светот, веројатно на сите времиња, а овие денови во Доха го привлече вниманието на јавноста по позитивните и негативните потези.

Прво, тој доцнеше на турнирот во брзопотезен формат и поради тоа натпреварувањето не започна на време, а потоа загуби од Владислав Артемиев и имаше инцидент со норвешки снимател. Магнус потоа го освои турнирот по шести пат во својата кариера, и вкупно тоа беше неговата 19-та светска шампионска титула во сите формати.

И тоа не е сè. Господинот со прекар „Моцарт“ го победи Нодирбек Абдусаторов во финалето на блиц-турнирот и стана светски шампион во шах по 20-ти пат во својата кариера.

Во полуфиналето, Магнус играше со Индиецот Арџун Еригаиси и кога загуби од него во деветтата рунда, удри со тупаница по масата, ја фрли фигурата и ја напушти масата.

Тоа не беше неговиот единствен инцидент.

Кога играше против Хаик Мартиросјан, ги собори фигурите и го намести часовникот на противникот така што времето ќе тече сè додека тој сепак не ги врати фигурите на место.

Ермен се пожали и судиите мораа да реагираат.

Штом Магнус го притисна часовникот на противникот без фигурите да бидат поставени таму каде што беа, тој автоматски изгуби. Дали се обиде да го измами системот или беше само грешка, проценете сами.

Се вчитува...