Направија план како да му ја соопштат веста на единствениот човек од кој се крие смртта на Марадона

Светот се уште жали по смртта на најдобриот фудбалер на сите времиња, Диего Армандо Марадона. Додека сите се помирија со болната вистина и заминувањето на „Златното момче“, неговиот поранешен тренер Карлос Билардо се уште нема дознаено за тажната вест. Билардо е единствената личност на светот од која се крие дека Дон Диего го напушти овој свет. Додека се смислува начин како да му се соопшти тажната вест, му пуштаат само „Наркос“, серијата посветена за животот на Пабло Ескобар, велејќи дека имаат проблеми со антената и не може да се фатат обичните канали.

„Неколку фудбалери од таа генерација ќе го посетат Карлос, ќе ја проценат неговата здравствена состојба и ќе најдат да му соопштат за смртта на Диего. Ќе мораме веќе да му кажеме бидејќи не можеме веќе да го лажеме, затоа што кога тогаш ќе пушти некој фудбалски меч и ќе ја дознае болната вистина“, изјави синот на Карлос Билардо.  

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Diego Maradona (@maradona)

Се вчитува...