„Направивме се што можеме против Јокиќ и пак загубивме“

Денвер има ново водство во серијата против Оклахома во четвртфиналето на НБА лигата откако во третиот натпревар тимот од Колорадо славеше со 113-104 по едно продолжение. Никола Јокиќ немаше своја вечер, одигра под просекот и постигна 20 поени, 16 скокови и шест асистенции со тоа што имаше скромна шутерска вечер промашувајќи девет обиди за три поени.

По натпреварот интересна пресконференција одржа тренерот на Оклахома, Марк Дагнолт кој изјави дека неговиот тим направил се што можел да го спречи Јокиќ, но и покрај тоа доживеа болен пораз.

„Направивме се што можеме против Јокиќ и пак загубивме. Поразо е болен, поготово во плеј-оф, но важно е да останеме фокусирани за напредок низ серијата. Поразот боли, но ние сме тим во процес на растење. Ако сакате да бидете големи, морате да поминете низ овие моменти. Ова е плеј-оф, највисокото ниво на кошарка. Верувам дека ќе одговориме на вистинскиот начин бидејќи го правевме тоа повеќе пати низ сезоната. Важно е од ова да излеземе посилни“, изјави Дагнолт.

Се вчитува...