Наполи ова лето остана без главниот стопер Калиду Кулибали кој кариерата ќе ја продолжи во Челси. Репрезентативецот на Сенегал со добрите играчи се наметна како еден од најдобрите на својата позиција, а и покрај тоа што за неговите услуги неаполитаците одбиваа и понуди од по 100 милиони, овој пат пресуди интересот на двократниот освојувач на Лигата на Шампионите.
За трансферот на 31-годишникот во Лондон сега проговоре и спортскиот директор Кристијано Џунтоли кој откри дека Наполи едноставно не можел да го задржи играчот.
„Сакаме Наполи да биде виртуозен клуб. Сметавме дека Кулибали е недоприлив на трансфер маркетот и направивме се за го спречиме трансферот во Челси. Му дадовме понуда за голем плата, но и тоа не беше доволно. Претходно кажав дека ќе ни биде потребно малку време, но вистината е дека не можевме да го задржиме. Јас сакав само да го заштитам. Разочарани сме, го изгубивме еден од најдобрите играчи, но Наполи продолжува понатаму полн со самодоверба за новата сезона“, изјави Џунтоли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА