Челси станува се поактивен на пазарот, договорен е трансферот на Тимо Вернер, а следен на листата е Каи Хаверц. Расположението меѓу фановите е на највисоко ниво, а убавицата Џесика Лопез најави дека е подготвена за стриптиз-шоу доколку тимот на Лампард успее да стигне до трофеј во следниот период.
Приоритет за неа е Лигата на шампионите, но ако се знае дека Челси е пред елиминација по поразот на домашен терен од Баерн, но Џесика би се задоволила и со друг пехар во клупските витрини.
„На следниот трофеј на Челси ќе се соблечам гола, ништо нема да може да ме запре“, порача убавата Бразилка.
Бразилската манекенка неколку пати позираше за Плејбој, а во 2016 година имаше и специјална фото-сесија во дрес на Челси, во чест на сонародникот Вилијан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА