Напредок на Ивановски, Србљак и Марковски на последниот АТП ранкинг

Македонските тенисери Калин Ивановски, Горазд Србљак и Обрад Марковски забележаа напредок од пет, односно осум места на последната АТП листа.

Ивановски останува најдобро рангиран македонски тенисер со напредок од пет места и сега е на 326 позиција со што 19-годишникот се приближи кон најдобриот ранкинг на 306 место во јули оваа година.

Србљак и Марковски напредуваа за осум места и сега се на 1071, односно 1485 место на светот.

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја задржа 186 позиција, додека Магдалена Стоилковска напредна за четири места и сега е 1233 рангирана тенисерка на светот.

Се вчитува...