Напредок во преговорите: Рашфорд е на чекор до Барселона

Маркус Рашфорд е многу блиску до исполнување на желбата по заминувањето од Манчестер јунајтед да се пресели во Барселона, по последната рунда позитивни разговори меѓу овие две европски гиганти. Голгетерот не ја крие желбата токму „Камп Ноу“ да биде негова следна дестинација во кариерата, подготвен е дури и на намалување на загарантираната плата само за овој трансфер да се реализира.

Потежок дел од задачата се чинеше дека ќе бидат преговорите меѓу клубовите, но последните разговори даваат причина за оптимизам дека наскоро би можел да биде постигнат целосен договор. Имено, Јунајтед се согласил на клучниот услов на Барселона – Рашфорд да дојде на едногодишна позајмица, и тоа без задолжителна клаузула за откуп.

Барса се уште има финансиски проблеми и затоа нема да може да инвестира значителна сума во нов напаѓач, а Јунајтед би добил околу 10 милиони евра за самата позајмица, воедно и би заштедил уште околу 15 милиони евра од платата што би требало да му ја исплати на Рашфорд за наредната сезона.

Доколку каталонците се задоволни, ќе можат да то откупат договорот на Англичанецот за околу 50 милиони евра, па останува да се види како ќе се одвиваат работите во завршницата од овие преговори.

Се вчитува...