Македонската женска ракометна репрезентација го претрпе и вториот пораз во квалфикацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2020 година. На домашен терен нашите најдбори ракометарки загубија од Чешка со 29-37. Со овој праз од Чехинките кои ни беа потенцијални ривалки за евентуалната втора позиција на табелата, нашите девојки драстично си ги намлуваат шансите за евентуалната борба за палсман на контиенталниот собри.
Македонските репрезентативки одиграа добро прво полувреме, во кое со одлични завршни три минути, од три гола негатива се изборија за реми на полувремето. 15-15 беше на паузата. Рамноправни бевме некаде до 40-та минута кога селекцијата на Чешка успеа да се одлепи а три гола, а потоа дојде и до највисои шест гола предност по 45 минути од средбата. До крајот предноста на гостинските ракометарки растеше се до конечните осум гола предност.Ливриниќ со 12 гола беше најдобра во нашите редови, а Ѓорѓиевска постигна пет гола.
На вториот дуел од нашата конкуренција, фаворитот за првото место, Шведска ја победи Португалија со високи 38-19 и по две одиграни кола, Швеѓанките и Чехинките се со макисмален биланс од шест бода на двете водечки позиции. Нашата и селекцијатан а Португалија остануваат на нула бодови.
Следниот натпревар од квалфикациите, македонската репрезентација ќе го одигра во март кога има двомеч со Португалија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА