Насиб е првиот НФЛ играч во историјата кој признал дека е хомосексуалец (ВИДЕО)

Дефанзивецот на Лас Вегас рајдерс, Карл Насиб стана првиот активен НФЛ играч кој признал дека е хомосексуалец, откривајќи го ова преку социјалните мрежи. Тој кажа дека сега се почувствувал подготвен да биде искрен пред себе и луѓето околу него, па им се заблагодари на сите за добиената поддршка.

Насиб потенцираше дека се одлучил на ваков потег со цел да си олесни, бидејќи му било мачно долго време да ја крие неговата сексуална ориентација.

„Се наоѓам во мојата куќа во Вест Честер, Пенсилванија, и сакав да го искористам овој момент да откријам дека сум геј. Планирав да го направам ова подолго време, но дури сега се почувствував удобно да го направам тоа. Го имам најдобриот живот, најдоброто семејство и пријатели и работа која ја сакам. Знаете дека си ја ценам приватноста и не го правам ова за да добијам внимание“, вели Насиб.

Насиб потпиша за Рајдерс во 2020 и има тригодишен договор вреден 25 милиони долари, а минатата сезона имаше 2.5 собрани топки во 14 натпревари за Лас Вегас. Тој беше избран на драфтот во 2016 од Кливленд браунс, а потоа играше и за Темпа Беј буканирс.

За потсетување, Мајкл Сем беше првиот геј играч кој беше драфтуван во НФЛ во 2014 година, кога Сент Луис рамс го избраа, но тој не заигра ниту еден меч во НФЛ.

 

 

 

 

Се вчитува...