Милан се соочува со егзодус на квалитетни фудбалери по заминувањето на Паоло Малдини од директорската функција, откако Французите Тео Хернандез и Мењон гласно ја критикуваа одлуката на клупските челници, сомневајќи се во амбициите на „росонерите“ и најавувајќи трансфери уште во текот на овој преоден рок.
Доказ за проблемите со кој ќе се соочи Милан е заминувањето на уште еден стандарден првотимец, Брахим Дијаз, кој летово ќе го напушти „Сан Сиро“. Шпанецот беше меѓу клучните фудбалери во тактичките замисли на тренерот Пиоли, по позајмицата од Реал имаше клаузула за откуп за сосема реални 22 милиони евра, но „росонерите“ решија да не ја активираат оваа клаузула и со тоа да дозволат Дијаз да се врати назад во Мадрид.
Овој фудбалер ќе биде добредојден за „кралевите“, кои летово останаа без Бензема, Дијаз, Асенсио и без Еден Азар. Според шпанските медиуми, Анчелоти на Дијаз гледа како на идеален наследник на Марко Асенсио, фудбалер кој нема да биде стандарден првотимец, но кој секако ќе добие доволно шанси да ги покаже своите квалитети. Најавено е дека Реал веднаш ќе му понуди на Брахим Дијаз нов договор со важност до 2027 година, при што ќе следи и ветување дека ќе добие шанса на „Сантијаго Бернабеу“ наместо да биде испратен на нова позајмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА