Партизан е подготвен да тргне во офанзива за да го комплетира ростерот за наредната сезона, откако „црно-белите“ влегоа во неочекувано затишје по припаднатиот трансфер на Никола Миротиќ.
АБА-шампионот досега ги доведе само Огњен Јарамаз и Матеуш Понитка, а во наредните денови нов член на Партизан би требало да стане Пи-Џеј Дозиер. Станува збор за кошаркар висок 198 сантиметри кој ќе пристигне од НБА-лигата и ќе претставува замена за Данте Егзум, кој летово потпиша за Далас маверикс. Дозиер најдобро се снаоѓа на плејмејкерската позиција, а го одликува и исклучителна способност во одбраната, каде може да брани противнички кошаркари на позициите еден до три.
Токму тоа беше главна причина поради која тренерот Обрадовиќ од неколкуте опции кои ги имаше на крајот го избра токму Дозиер за нов член на Партизан, а управата на „црно-белите“ во изминатите денови начелно ги договори условите за соработката. Тој во својата кариера има настапувано за Оклахома, Бостон, Денвер и Сакраменто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА