Интер заврши со распродажбата на клучните фудбалери, а пред кинеските газди сега е потешкиот дел од задачата – да најдат евтини играчи кои достојно би ги наследиле Лукаку и Ашраф Хакими, од чии трансфери италијанскиот првак заработи околу 180 милиони евра.
На местото на Лукаку на „Џузепе Меаца“ пристигнува босанскиот ветеран Един Џеко, додека како замена за Хакими на бековската позиција се најавува Дензел Дамфрис. Станува збор за играч што исто како и Хакими е исклучително опасен и во офанзивните задачи, што го потврди и на ЕВРО 2020 постигнувајќи неколку погодоци за холандската репрезентација.
Интер веќе имаше два обиди да дојде до Дамфрис на едногодишна позајмица, но ПСВ експресно ги одби ваквите понуди. „Нероаѕурите“ сега подготвуваат понуда од 12,5 милиони евра, во обид што поскоро да го комплетира овој трансфер и тренерот Инзаги да добие квалитетна опција на бековската позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА