Еден од најголемите таленти на „Ла Масија“, Рики Пуиг е пред премин во Лос Анџелес Галакси, пренесуваат шпанските медиуми. За младиот талентиран фудбалер кому му се препишуваше фантастична кариера на „Камп Ноу“ нема место во четата на Чави па ќе ја напушти Барселона ова лето.
Изненадувачки е изборот на следната дестинација со оглед на тоа што за неговите услуги постои интерес од голем број европски великани, но 22-годишникот се одлучи рано да тргне по патот кој многу „ветерани“ го поминаа при крајот на кариерата.
Пуиг важеше за наследник на Иниеста во дресот на Барселона, но не успеа да ги исполни очекувањата. Според угледниот Трансфермаркт тој вреди 7 милиони евра и се очекува токму оваа сума да биде таа која ќе го пресели во САД и МЛС лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

