Наследникот на Јохан Кројф пристигна на „Камп ноу“ (ВИДЕО)

Каталонскиот гигант Барселона на „Камп ноу“ го претстави еден од најголемите таленти на светскиот фудбал, Френки де Јонг.

Тој во рекорден трансфер од 75 милиони евра се пресели во Каталонија. Раководството на Барселона успеа да излезе победник во трката за одличниот играч за врска кој има 21 година, а со Ајакс имаше неверојатна сезона во која успеа да ја освои двојната круна во Холандија и да стигне до полуфиналето во Лигата на шампионите, елиминирајќи ги Реал Мадрид и Јувентус.

 

Се вчитува...