Наследникот на Манасков во Вардар доаѓа од Металопластика

Вардар веќе го договори и првото засилување за наредната сезона, откако македонскиот првак реши да го ангажира српскиот ракометар Марко Срдановиќ, јавува српскиот весник „Спортски Журнал“. Станува збор за 25-годишен играч кој настапува на позицијата лево крило и кој веќе потпишал договор на „една плус една година“ со македонскиот првак.

Во ситуација кога Талески е на излезна врата кон Бенфика, се најавува дека и Дејан Манасков летово ќе го напушти Вардар и ќе се реши за нов ангажман во странство. Срдановиќ најверојатно ќе го заземе местото токму на Манасков, кој сезонава е еден од лидерите на „црвено-црните“

Срдановиќ важи за „дете на Металопластика“, тој извесно време мина на калење во тимот на Леотар од Требиње, по што пред три години се врати назад во Шабац и оттогаш е стандарден во таборот на својот тим.

Тој сезонава настапи на 25 натпревари за Металопластика, постигнувајќи 88 погодоци, а најефикасен меч му беше дербито против Војводина, на кое постигна 8 погодоци.

Се вчитува...