Американскиот крилен центар со богато НБА искуство, Џабари Паркер кој беше означен како „насленик на Никола Миротиќ“ во Барселона ќе остане во клубот и во следните две години откако денеска официјално ја продолжи соработката со шпанскиот евролигаш.
Паркер кој беше одбран како втор пик на драфтот во 2014 година настапуваше во НБА лигата се до 2022 година за серија на клубови како Милвоки, Чикаго, Вашингтон, Атланта, Сакраменто и Бостон по што пристигна во Европа по тешка повреда. Затоа неговиот придонес за каталонците беше доведен во знак прашање, но 29-годишниот успеа да ги исполни очекувањата, прифаќајќи ја улогата во Европа и наметнувајќи се како еден од позначајните играчи во тимот.
„Добро се чувствувам. Натпреварите и искуствата беа позитивни откако зачекорив во Барселона. Сакам да продолжам да живеа тука и да останам во фантастичната Барселона и во следните години“, кратко изјави Паркер.
PRÒXIMA ESTACIÓ: 𝐉𝐀𝐁𝐀𝐑𝐈𝐌𝐀𝐍𝐈𝐀 ✨
CORRESPONDÈNCIA AMB: 𝐏𝐀𝐋𝐀𝐔 𝐁𝐋𝐀𝐔𝐆𝐑𝐀𝐍𝐀 𝐈 𝐋𝐈́𝐍𝐈𝐀 𝐉𝐏𝟐𝟔 🚇 pic.twitter.com/Y1PkhQNUe8
— Barça Basket (@FCBbasket) April 17, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА