Реал Мадрид мора да се приспособи на животот без Лука Модриќ кој по 13 години поминати во главниот град на Шпанија замина од клубот како легенда со најголем број на освоени трофеи.
На „кралскиот“ клуб нема да му биде лесно да најде замената за Хрватот, но верува дека големи се шансите тоа да е аргентинскит мега-талент Франко Мастантуоно. На 17-годишна возраст тој веќе со успех настапува за Ривер Плата и веќе запиша дебитантски настап за репрезентацијата на Аргентина.
Овој трансфер ќе го чини Реал Мадрид 45 милиони евра колку што изнесува неговата откупна клаузула со што ќе биде поставен нов рекорд кога станува збор за аргентинскиот тим и ќе биде реализиран на 14. август кога тој ќе наполни 18 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

