Играчот за врска на Реал Мадирд, Дани Себаљос оваа зима би можел да го напушти „кралскиот“ клуб и да се пресели во редовите на премиерлигашот Астон Вила.
Себаљос беше означен како наследник на легендарниот Лука Модриќ од страна на тренерот Карло Анчелоти, но оваа сезона настапи на само 17 натпревари забележувајќи вкупно 666 минути, најчесто како замена.
Неговата минутажа е ограничена во Реал Мадрид, но би можел да добие голема слобода доколку се пресели во Англија под водство на Унаи Емери, искусниот стратег со кој успешно соработуваше во Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

