Борнмут летово го продаде Доминик Соланке за рекордни 65 милиони фунти во Тотенхем, па не се чекаше многу до ангажманот на нов голгетер од страна на овој англиски премиерлигаш.
Изборот падна врз Бразилецот Еванилсон, кој си замина од Порто и денеска потпиша договор со Борнмут во трансфер вреден вкупн 40,2 милиони фунти. Од оваа сума, 31,7 милиони фунти се загарантирани за португалскиот гигант, додека останатите 8,5 милиони фунти се врзани со исполнување на неколку клаузули во договорот.
Еванилсон ги мина последните четири сезони во Португалија, притоа постигнувајќи 60 гола на 154 натпревари во дресот на Порто.
„Еванилсон е фудбалер што го следеа и го бараа бројни клубови, а фактот дека ние успеавме да го донесеме, и тоа за рекордна сума за нашиот клуб, јасно ги покажува амбициит со кои влегуваме во новата сезона“, објави извршниот директор на Борнмут, Нил Блејк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА