Македонските фудбалери вечерва го одржаа последниот тренинг пред утрешниот дуел против Белгија, прв од двомечот во рамките од јунскиот квалификациски циклус за СП 2026.
Јасно е дека Белгија е фаворит не само на утрешниот дуел, туку и севкупно за првото место во групата, но избраниците на Милевски многу пати во изминатите години покажале дека играат најдобри токму против најсилните европски селекции.
Расположението во националниот тим е одлично, на денешниот тренинг беше забележлива позитивната атмосфера, како и решителноста да се искористи секоја шанса што ќе се укаже за изненадување на овој дуел.
„Белгија е силна, но не е баук“, свесни се македонските репрезентативци, решени да ја продолжат серијата позитивни резултати…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА



















