Насмевките се вратија во Баерн: Нојер повторно тренира

Во изминатиот период големи проблеми околу голманската позиција имаше Баерн Минхен. Мануел Нојер беше повреден, потоа се повреди и вториот голман Јонас Урбиг, па бранеше и Свен Улрајх, но и тој се повреди, на листата на повредени беше и четвртиот голман, па се шпекулираше дека 16-годишник ќе го чува голот со Аталанта во ЛШ. Сепак, Урбиг се рехабилитираше навреме, па така тој застана меѓу диреците на реваншот од 1/8 финалето во ЛШ.

Сега ситуацијата е далеку поинаква. Урбиг е веќе подготвен, а и првиот голман Мануел Нојер се врати на тренинзите на екипата. Тоа значи дека Нојер би можел веднаш да се врати меѓу диреците, и да биде во комбинација за натпреварите со Реал Мадрид, но планот на Винсент Компани е да го „штеди“ својот прв голман, па ќе брани и Урбиг во дел од мечевите во Бундеслигата.

Јасно е дека Компани има план да го внесе Нојер во ритам, но тоа ќе го прави постепено. Затоа планот е Нојер да брани со Фрајбург сега идниот викенд, а потоа да брани и со Реал Мадрид, па помеѓу двата меча на дуелот со Сент Паули, шанса да добие Урбиг.

Се вчитува...