Насри добива едногодишна суспензија од УЕФА

Францускиот фудбалер Самир Насри добива едногодишна суспензија од УЕФА поради користење на недозволени стимулативни средства. Тој како фудбалер на Севилја бил подложен на крвен допинг во клиниката „Дрип Докторс“ во 2016 година.

УЕФА се очекува во понеделник и официјално да ја објави неговата суспензија, што ќе го спречи да потпише како слободен агент за Лас палмас. Тој беше во преговори и со рускиот Зенит, но последните настани го спречија и овој клуб да го ангажира Самир Насри.

 

Се вчитува...