Насри му се приклучува на Зенит и пак ќе соработува со Манчини

Францускиот интернационалец Самир Насри е на прагот да му пристапи на рускиот клуб Зенит како слободен агент и да го засили тимот на Роберто Манчини до крајот на оваа сезона. По раскинувањето на договорот со турскиот прволигаш Анталијаспор, Насри е во потрага по нов ангажман, а италијанскиот стратег одлично ги познава неговите квалитети од периодот кога заедно беа дел од англискиот премиерлигаш Манчестер сити.

Зенит е во трка за шампионската титула во Русија и засега заостанува осум бода зад Локомотив Москва, а засилување како Насри одлично би му дошло на Роберто Манчини за зголемување на конкуренцијата во средниот ред. Во Англија, Насри и Манчини заедно ја освоија шампионската титула со Манчестер сити.

Се вчитува...