Самир Насри, екс францускиот репрезентативец една година не игра фудбал, а минатиот месец и дефинитивно му кажа збогум на фудбалот на 34 години.
Вчера се појави на ревијален натпревар, и ја остави јавноста во шок со неговиот изглед. Тој ставил неколку килограми повеќе, и не личи веќе на стариот Насри, фудбалер кој „газеше“ во Премиер-лигата, особено во дресот на Арсенал.
Последен клуб на Насри му беше Андерлехт каде проба да ја оживее кариерата, но не успеа. Сега е далеку од фудбалот, а ако продолжи вака, ќе треба да набавува уште поголеми дресови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА