Поранешниот француски репрезентативец Самир Насри повторно ќе настапува во Премиер-лигата откако потпиша договор со Вест хем. Поранешниот ас на Арсенал и на Манчестер сити во последните денови тренираше со „чеканите“, на крајот убедувајќи го Мануел Пелегрини да му понуди договор на шест месеци, со можност соработката да биде продолжена.
За Насри ова е шанса да му се врати на фудбалот откако беше казнет со суспензија поради прекршување на антидопинг правилата со примање на третман во клиника во Лос Анџелес.
Тој беше без клуб уште од јануари, кога си замина од Анталијаспор, а во ситуација кога Вест хем има проблеми со повреди на неколку првотимци за очекување е Насри наскоро да дебитира во дресот на лондонскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА