Насри со порака до Мбапе: Подобро да си „крал“ на своето село отколку „крал“ во Мадрид

Долгоочекуваниот премин на Килијан Мбапе во редовите на Реал Мадрид и понатаму е топ тема во светот на фудбалот. Францускиот репрезентативец веќе години наназад е блиску до остварување на сонот од детството да заигра на „Сантијаго Бернабеу“ во „кралскиот“ дрес, а со оглед на тоа што престојното лето му истекува договорот со ПСЖ голема е веројатноста дека истиот конечно ќе се оствари.

Сепак за спротивното го советува неговиот поискусен сонардоник, Самир Насри кој говорејќи во интервју за Мбапе и неговото заминување од ПСЖ имаше интересна изјава, велејќи дека е подобро да си „крал“ во село отколку „крал“ во Мадрид.

„Ако тој замине тимот на ПСЖ ќе стане послаб. Но, земајќи го предвид буџетот со кој располага клубот, парижани ќе можат да донесат други играчи. Но, тие нема да бидат Мбапе тоа е јасно. Пред две години реков дека го сметам за најдобар играч на светот и се уште мислам така. Тој е од Париз. Да сум на негово место, би останал во ПСЖ наместо да одам во Мадрид за да му помогнам на Реал да ја освои 50-тата Лига на шампиони. Ако Марсеј ги имаше Катарците кога играв таму, никогаш немаше да заминам. Јас одам од девизата дека е подобро да се биде крал на своето село“, изјави Насри.

Се вчитува...